ПЕТ ДЕЦА МЕЃУ ДЕСЕТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР БЛИЗУ ЛИОН

    ПЕТ ДЕЦА МЕЃУ ДЕСЕТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР БЛИЗУ ЛИОНПожарот во седумкатната зграда почнал во три часот (Фото: АФП)

    Најмалку десет луѓе загинаа, од кои пет деца, во пожарот што утрово избувнал во станбена зграда во предградие на Лион. Регионалните власти кажаа дека причината за пожарот засега не е позната, а на терен излегле околу 170 пожарникари.

    Пожарот во седумкатната зграда во Волкс-ан-Велан источно од Лион почнал во три часот и во меѓувреме бил ставен под контрола. Итните служби кажаа дека има и над десет полесно повредени.

    Загинатите деца се на возраст од три до 15 години“, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманан, додавајќи дека пожарникарите спасувале луѓе во екстремно тешки услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира