Пет луѓе загинаа во пукање во геј ноќен клуб во Колорадо, САД, соопшти локалната полиција. Уште 18 други се повредени во клубот Кју.
„Лоцирана е една индивидуа за која веруваме дека е осомничениот. Во моментов, осомничениот е приведен“, велат од полицијата.
Во соопштение на социјалните мрежи, од клубот Кју кажаа дека им се заблагодаруваат на посетителите кои со брза реакција успеале да го совладаат вооружениот напаѓач и да стават крај на нападот.
Полицијата не даде коментар за можниот мотив за нападот.