ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ОД ЊУЈОРК ПОЧИНА ОД РЕДОК СИНДРОМ ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО КОВИД-19

    ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ОД ЊУЈОРК ПОЧИНА ОД РЕДОК СИНДРОМ ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО КОВИД-19Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо кажа дека се истражуваат уште 73 слични случаи (Фото: Гети)

    Петгодишно момче од Њујорк почина од ретка воспалителна состојба наречена детски повеќесимптоматичен воспалителен синдром, за кој се верува дека е поврзан со коронавирусот.

    Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, ја потврди смртта на детето, кое имало позитивен тест на коронавирус, додека од болницата „Маунт Синај“, каде што се лекувало, не излегоа со други информации. Куомо додаде дека здравствените власти истражуваат уште 73 слични случаи низ Њујорк, во кои децата покажуваат симптоми на други воспалителни заболувања, како болеста Кавасаки и синдромот на токсичен шок.

    „Ова се болни вести и и би можело да отвори едно цело ново поглавје. Ова е екстремно ретко и досега беше непозната манифестација на КОВИД-19 кај децата“, кажа Куомо.

    Низ целата земја, кај речиси 100 деца е дијагностициран овој новооткриен синдром и осум сојузни држави имаат пријавено барем еден случај.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира