ПЕТКОВ, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДЕ НА 18 ЈАНУАРИ, ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОНТАКТ СО КОВИД ПОЗИТИВЕН НА СОСТАНОКОТ КАЈ РАДЕВ ЗА ПОЛИТИКАТА КОН МАКЕДОНИЈА

    ПЕТКОВ, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДЕ НА 18 ЈАНУАРИ, ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ КОНТАКТ СО КОВИД ПОЗИТИВЕН НА СОСТАНОКОТ КАЈ РАДЕВ ЗА ПОЛИТИКАТА КОН  МАКЕДОНИЈАСпоред претходна уредба, Петков треба да остане во изолација 10 дена (Фото: Фејсбук)

    Премиерот и претседателот на Бугарија, Кирил Петков и Румен Радев, од денеска се наоѓаат во самоизолација откако имале контакт со лице позитивно на ковид-19 на средба на која се зборувало за ветото за Македонија. Ова се случува една недела пред планираната посета на Петков на Македонија.

    Во Владата на Република Северна Македонија уште нема известување за евентуално одложување на посетата. Од прес-центарот на бугарската влада за БНТ соопштиле дека посетата на Скопје не се откажува, туку дека се одложува, но не е јасно за кога.

    Петков присуствувал на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот Радев, каде што бил и спикерот на Националното собрание Никола Минчев, кој синоќа имал позитивен тест за коронавирус. Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова први заминале во изолација, а потоа и Радев. Согласно наредбата на министерството за здравство од октомври 2020, сите кои биле на состанокот треба да останат во изолација десет дена, но засега нема официјално известување за ова.

    „Сите се во добра состојба. Мерките се преземени заради нормалното функционирање на највисоките државни институции“, кажаа од кабинетот на Радев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира