Пилот на „Туркиш ерлајнс“ починал откако му се слошило за време на неговиот лет од Сиетл до Истанбул. Педесет и деветгодишниот капетан Илџехин Пеливан колабирал среде летот, по што контролата врз авионот ја презеле вториот пилот и копилотот, објави авиокомпанијата.
„Првите проблеми се појавија над канадската територија Нунавут. Откако прва помош не беше успешна, екипажот одлучи да се направи вонредно слетување, но капетанот почина пред тоа“, изјави портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун.
Авионот „ербас А350“ слетал во Њујорк, по што биле направени планови за трансфер на патниците до Турција.
Пеливан бил пилот на „Туркиш ерлајнс“ од 2007 и последниот лекарски преглед го имал во март годинава, кога не биле утврдени здравствени проблеми, кажаа од компанијата.