ПИЦЕРИЈА ВО ДИСЕЛДОРФ ПРОДАВАЛА ПИЦА СО КОКАИН, БИЛА ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ НА МЕНИТО

    ПИЦЕРИЈА ВО ДИСЕЛДОРФ ПРОДАВАЛА ПИЦА СО КОКАИН, БИЛА ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ НА МЕНИТОКога полицајците почнале да ја набљудуваат пицеријата откриле дека пицата со број 40 е особено популарна (Фото: Шатерсток)

    Германската полиција разоткри пицерија во Диселдорф која служела пица со доза на кокаин. За да ја добијат, муштериите требало да ја нарачаат пицата број 40 во менито.

    Тоа беше една од најпродаваните пици“, изјави директорот на полицијата Михаел Граф фон Молтке.

    Тој кажа дека полицијата првпат добила дојава за ова од сомничави инспектори за храна во март. Кога полицајците од одделот за дрога почнале да ја набљудуваат пицеријата, тие откриле дека пицата со број 40 е особено популарна.

    Кога полицијата упадна во станот на 36-годишниот менаџер на пицеријата, тој фрли кеса со дрога низ прозорец која падна точно во рацете на полицајците. Вкупната заплена беше 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во готовина“, соопшти полицијата на Диселдорф.

    Откако менаџерот излегол од затвор по неколку дена, тој повторно почнал да ја продава пицата со кокаин, што на полицијата ѝ дало можност да го испита ланецот на снабдување. Тоа довело до апсење на уште три лица во западна Германија. Повторно бил уапсен и менаџерот на пицеријата откако се обидел да избега во странство.

    Не е објавено колку чинела пицата со кокаин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира