ПЛАНЕТАТА Е НА РАБ НА УНИШТУВАЊЕ, АТЕНБОРО ГИ ПРЕДУПРЕДИ СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ

    ПЛАНЕТАТА Е НА РАБ НА УНИШТУВАЊЕ, АТЕНБОРО ГИ ПРЕДУПРЕДИ СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИБританскиот премиер Борис Џонсон и природонаучникот Дејвид Атенборо денес ќе разговараат заедно со останатите лидери од Г7. (Фото: Гети)

    Лидерите на Г7 се соочуваат со најважните одлуки во историјата на човештвото додека се обидуваат да најдат решение за климаските промени, рече сер Дејвид Атенборо.

    Природонаучникот, документарист и британско национално богатство денес ќе зборува пред светските лидери од Г7 на крајот од тридневниот самит во Велика Британија, кога се очекува да ги утврдат плановите за намалување на штетните емисии и враќање на биодиверзитетот.

    Пред состанокот, Атенборо предупреди дека човештвото се наоѓа на работ на дестабилизација на целата планета.

    Британија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Италија се очекува да се заложат за преполовување на емисиите на јаглерод до 2030 година, во однос на нивото од 2010.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира