ПО 100 ДЕНА ВОЈНА, РУСИЈА СÈ УШТЕ НЕ ГИ ОСТВАРИЛА СВОИТЕ ЦЕЛИ, НО Е БЛИСКУ ДА ГО ОСВОИ ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК

    ПО 100 ДЕНА ВОЈНА, РУСИЈА СÈ УШТЕ НЕ ГИ ОСТВАРИЛА СВОИТЕ ЦЕЛИ, НО Е БЛИСКУ ДА ГО ОСВОИ ЦЕЛИОТ ЛУГАНСКНикој не знае точно колку војници и цивили загинале досега, но се зборува за десетици илјади (Фото: АП)

    Русија има иницијатива во битката за Донбас, се вели во новиот извештај на британското министерство за одбрана. На 100. ден од војната, Британија вели дека Русија држи 90% од источниот регион Луганск и веројатно ќе оствари целосна контрола врз него во следните две недели.

    Сепак, додава Лондон, ова е проследено со значителни загуби и со голема концентрација на ресурсите.

    Ниедна од оригиналните воени цели на Москва досега не е остварена“, велат Британците.

    Пред почетокот на инвазијата на 24 февруари, Русија окупирала 7% од територијата на Украина, сосе Крим, а претседателот Зеленски вчера кажа дека таа сега контролира 20% од земјата, при што линијата на фронтот е долга над илјада километри.

    Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, повтори дека западните земји треба да бидат подготвени да ја поддржуваат Украина на долги патеки, зашто конфликтот се претворил во „војна на трошење“.

    Тврдоглавиот украински отпор и неуспехот да се заземе аеродромот во Хостомел крај Киев во првите 24 часа придонесоа рускиот напад да биде потиснат. Руските сили страдаа од погрешни претпоставки при планирањето и лоша тактичка изведба. Но, откако ја сменија стратегијата и се фокусираа на Донбас, почнаа да остваруваат тактички успеси и се чини дека сега имаат иницијатива во однос на украинските сили“, соопшти британското министерство за одбрана.

    Никој не знае точно колку војници и цивили загинале досега, бидејќи ниедно тврдење не може да се провери, но често се спомнуваат десетици илјади мртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира