ПО КОВИД-19, НАША СЛЕДНА ЦЕЛ Е ВАКЦИНА ПРОТИВ РАК, ВЕЛИ ОЗЛЕМ ТУРЕЧИ, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „БИОНТЕК“

    ПО КОВИД-19, НАША СЛЕДНА ЦЕЛ Е ВАКЦИНА ПРОТИВ РАК, ВЕЛИ ОЗЛЕМ ТУРЕЧИ, ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „БИОНТЕК“Пред пандемијата, Туречи и сопругот Угур Шахин развивале начин на кој имунолошкиот систем би се борел против тумори (Фото: АП)

    Научничката која победи во светската трка за испорачување на првата широко користена вакцина против ковид-19 вели дека луѓето можат да бидат сигурни дека таа е безбедна, а технологијата со која беше направена ќе се искористи за борба против друго големо зло – рак.

    Озлем Туречи, која ја основала германската фармацевтска компанија „Бионтек“ заедно со сопругот Угур Шахин, вели дека работеле на начин на кој имунолошкиот систем би се борел против тумори кога минатата година дознале за непознат вирус кој напаѓа луѓе во Кина. Еднаш додека појадувале, Туречи и Шахин одлучиле технологијата што ја истражувале две децении да ја употребат против новата закана, нарекувајќи го тоа „Операција брзина на светлината“. По само 11 месеци, Велика Британија стана прва земја која ја одобри вакцината против ковид-19, што „Бионтек“ ја разви заедно со „Фајзер“, а по само една недела, тоа го направија и САД. Од декември, десетици милиони луѓе ја имаат примено оваа вакцина.

    Се исплаќа да носиш храбри одлуки и да веруваш дека ако имаше извонреден тим, можеш да решиш кој било проблем и да ги надминуваш пречките со кои се соочуваш во реално време“, вели Туречи.

    Една од лекциите што ги научила со нејзиниот сопруг е колку е важно соработката да биде меѓународна. Туречи, која е родена во Германија од турски мигранти, вели дека веднаш стапиле во контакт со медицински регулаторни тела за да обезбедат новата вакцина да ги помине ригорозните контроли.

    Во процесот на одобрување вакцина се поставуваат многу прашања, вклучени се многу експерти и има научна дебата и стручна анализа на сите податоци“, вели Туречи.

    Како што угледот и вредноста на „Бионтек“ пораснаа во времето на пандемија, така компанијата обезбеди нови средства за да ја развива новата алатка чија основна цел беше борбата против ракот. Вакцината на „Бионтек/Фајзер“ преку ДНК на вирусот внесува инструкции во човечкото тело за создавање протеини, кои потоа напаѓаат конкретен вирус. Според Туречи, истиот принцип може да се примени во борбата на имунолошкиот систем против ракот.

    Имаме неколку различни вакцини засновани на ДНК. Засега е тешко е да се каже кога ваква терапија би била достапна, но за неколку години очекуваме да имаме вакцини против канцер“, смета Туречи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира