ПО ПАДОТ НА СЕВЕРОДОЊЕЦК, РУСИЈА СЕ СВРТЕ КОН ЛИСИЧАНСК, КАДЕ ШТО ТЕРЕНОТ ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА УКРАИНЦИТЕ

    ПО ПАДОТ НА СЕВЕРОДОЊЕЦК, РУСИЈА СЕ СВРТЕ КОН ЛИСИЧАНСК, КАДЕ ШТО ТЕРЕНОТ ИМ ДАВА ПРЕДНОСТ НА УКРАИНЦИТЕУкраинците во саботата се повлекоа од Северодоњецк (Фото: Гети)

    Русија го сврте својот фокус кон Лисичанск, последното украинско упориште во регионот Луганск, откако викендов презеде целосна контрола врз соседниот град Северодоњецк по повлекувањето на украинските сили. Агенцијата „РИА“ објави дека проруските сили вчера евакуирале повеќе од 250 цивили од хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк.

    Се верува дека украинските бранители се повлекле токму кон Лисичанск, кој се наоѓа од другата страна на реката Сиверски Доњец и е сместен на рид, што би можело значително да им ја отежни работата на Русите. Во услови кога се урнати сите мостови меѓу Северодоњецк и Лисичанск, кривата на реката претставува значајна природна бариера за руско напредување и Русите минатиот месец скапо платија еден обид да ја преминат, кога им беше уништен цел баталјон.

    Украинските сили ќе бидат на повисок терен во Лисичанск, што ќе им овозможи некое време да ги одбиваат руските напади, ако Русите не успеат да ги опколат и изолираат“, велат од американскиот Институт за проучување војна.

    Се чини дека токму тоа е цел на Русите, кои притискаат и гранатираат од јужната страна и велат дека имаат поглед на целиот град.

    Одбраната на Лисичанск е бесмислена и залудна. Нашите трупи веќе се во некои урбани делови на градот и можат целосно да го контролираат движењето на украинските сили“, изјави портпаролот на милицијата на Луганск, Андреј Марочко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира