ПО САД, И ЕВРОПСКАТА УНИЈА МОЖЕ ДА ГО ОДОБРИ РЕМДЕСИВИР КАКО ЛЕК ЗА КОВИД-19

    ПО САД, И ЕВРОПСКАТА УНИЈА МОЖЕ ДА ГО ОДОБРИ РЕМДЕСИВИР КАКО ЛЕК ЗА КОВИД-19Ремдесивир оригинално е развиен како лек за ебола (Фото: АФП)

    Европската Унија би можела да го следи примерот на САД и да ја одобри употребата на лекот ремдесивир за лекување на сериозно болни пациенти од КОВИД-19. Националната агенција за лекови на Шведска објави дека Брисел забрзано испитува дали тој може да се користи при третманите за лекување на коронавирусот.

    „Испитувањето на ефективноста на ремдесивир се одвива со висок приоритет во рамките на Унијата и одлуката би можела да биде донесена во наредните денови“, изјави директорката на одделот за заразни болести во Националната агенција за лекови на Шведска, Шарлота Бергквист.

    Американската Агенција за храна и лекови деновиве ја одобри употребата на ремдесивир за лекување на оние со тешка форма на КОВИД-19. Клиничките тестирања покажале дека овој лек го скратува времето на заздравување на сериозно болни пациенти. Калифорниската компанија „Гилиад сајенсис“ оригинално го разви ремдесивир како лек за ебола.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира