ПОЧИНА И 50-ТА ЖРТВА ОД ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО КРАЈСТЧРЧ, МЕЃУ УБИЕНИТЕ И 3-ГОДИШНО И 4-ГОДИШНО ДЕТЕ

    ПОЧИНА И 50-ТА ЖРТВА ОД ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО КРАЈСТЧРЧ, МЕЃУ УБИЕНИТЕ И 3-ГОДИШНО И 4-ГОДИШНО ДЕТЕФејсбук соопшти дека отстранил околу милион и пол снимки во првите 24 часа по нападот во џамиите што убиецот 17 минути го емитувал на живо; - Жителите на Нов Зеланд масовно оддаваат почит на жртвите (Фото: АП)

    Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека почина и 50-та жртва на терористичкиот напад во Крајстчрч, кога во петокот 28-годишниот белец расист Брентон Харисон Тарант од Австралија пукаше во верниците во две џамии за време на молитвата. Меѓу убиените се и едно 3-годишно и едно 4-годишно дете и 14-годишник.

    Уште 34 жртви се в болница, од кои 12 во критична состојба, меѓу нив и 4-годишно девојче.

    Советот за помош на жртвите собра 3 милиони долари со онлајн кампања за донации, а парите ќе им бидат поделени на семејствата.

    Убиецот емитувал во живо на Фејсбук 17 минути од убивањето во џамијата во центарот на градот и видеото беше достапно на социјалните мрежи со часови шо нападот. Фејсбук, Твитер и Гугл ги отстрануваат сите снимки.

    Фејсбук соопшти дека отстранил околу милион и пол снимки во првите 24 часа по нападот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира