ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА НОВИНАРКА БАРБАРА ВОЛТЕРС

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА НОВИНАРКА БАРБАРА ВОЛТЕРСВолтерс е прва жена што стана суперѕвезда на ТВ-вестите. (Фото: АП)

    Почина новинарката Барбара Волтерс, легендарна по храбрите интервјуа, која го отвори патот како прва жена што стана суперѕвезда на ТВ-вестите, во кариерата извонредна по своето времетраење и разновидност. Имаше 93 години.

    ТВ мрежата „Еј-Би-Си“ синоќа ја прекина програмата за да ја објави веста за смртта на Волтерс.

    „Таа го живееше својот живот без жалење. Таа беше предводник не само за новинарките, туку и за сите жени“, рече нејзината публицистка Синди Бергер во изјавата, додавајќи дека Волтерс починала мирно во нејзиниот дом во Њујорк.

    Во текот на речиси четири децении во „Еј-Би-Си“, а пред тоа во „Ен-Би-Си“, ексклузивните интервјуа на Волтерс со владетели, членови на кралски семејства и ѕвезди ѝ донесоа статус на славна личност кој се рангираше со нивниот, истовремено ставајќи ја во првите редови на трендот што од ТВ репортерите направи ѕвезди. Волтерс се најде на насловните страници во 1976 како прва ТВ новинарка со плата од 1 милион долари, што дотогаш беше незамисливо.

    „Никогаш не го очекував ова! Волтерс изјави во 2004 за нејзиниот успех. „Отсекогаш мислев дека ќе бидам писателка за телевизија. Никогаш не ни помислив дека ќе бидам пред камера“. Но, таа беше природна пред камерата, особено кога им поставуваше жестоки прашања на познатите.

    „Не се плашам кога интервјуирам, немам страв!“, изјави Волтерс за Асошиетед прес во 2008.

    Полувековната активна кариера ја заврши во мај 2014, иако повремено пак настапуваше во емисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира