ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ДАВИД САСОЛИ

    ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ДАВИД САСОЛИПоранешниот новинар беше сериозно болен повеќе од две недели (Фото: ЕПА)

    Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65 години. Поранешниот италијански новинар бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем.

    Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласање за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат.

    Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент во јули 2019, кога победи тројца други кандидати.

    Тој ја напушти тридецениската кариера во новинарството за да стане европарламентарец во 2009. Беше член на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, втората најголема група во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира