ПОЧНАА ПОПЛАВУВАЊЕТО И ЕВАКУАЦИЈАТА НА НАСЕЛЕНИ МЕСТА ПОКРАЈ ДНЕПАР ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ЗАГРОЗЕНИ 16.000 ЛУЃЕ

    ПОЧНАА ПОПЛАВУВАЊЕТО И ЕВАКУАЦИЈАТА НА НАСЕЛЕНИ МЕСТА ПОКРАЈ ДНЕПАР ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ЗАГРОЗЕНИ 16.000 ЛУЃЕРусија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната во Нова Каховка (Фото: АП)

    Руските сили ја разнесоа браната во Нова Каховка во паника, соопшти разузнавачкиот оддел на украинското министерство за одбрана, додавајќи дека станува збор за очигледен терористички чин и воено злосторство.

    Уништувањето на браната создаде смртоносна опасност за жителите на двата брега на реката Днепар, ќе го погоди екосистемот на целиот црноморски регион и ја зголемува заканата од нуклеарна катастрофа“, објавија украинските воени разузнавачи.

    Русија, пак, тврди дека уништувањето на браната е резултат на украинско гранатирање.

    Висок украински функционер кажа дека веќе почнало поплавувањето на населени места покрај Днепар и дека водата продолжува да истекува со голема брзина од акумулацијата Каховка. Шефот на воената управа на Херсон, Олександр Прокудин, предупреди дека околу 16.000 луѓе на западниот брег на Днепар се во опасната зона и дека нивото на водата ќе достигне критично ниво во следните часови. Околу 700 луѓе веќе се евакуирани.

    Околу 80 населени места, од кои повеќето се окупирани од руските сили, се во зоната на можно поплавување“, соопшти украинското министерство за внатрешни работи.

    Висока 30 метри и долга 3,2 километри, браната беше изградена во 1956 година и оттука со вода се снабдуваат и анектираниот полуостров Крим и нуклеарната централа Запорожје. Браната, чија акумулација содржи 18 кубни километри вода, се наоѓа во градот Нова Каховка на источниот брег на Днепар, кој е под контрола на руските сили.

    Властите кажаа дека засега нема безбедносен ризик по нуклеарката Запорожје и дека ситуацијата таму е под контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира