ПОЧНУВА ВТОРО СУДЕЊЕ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП ВО СЕНАТОТ, НЕГОВИТЕ АДВОКАТИ ГО ОПИШАА КАКО ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР

    ПОЧНУВА ВТОРО СУДЕЊЕ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП ВО СЕНАТОТ, НЕГОВИТЕ АДВОКАТИ ГО ОПИШАА КАКО ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАРТрамп е обвинет дека со својот говор на 6 јануари го поттикнал упадот во Конгресот (Фото: АП)

    Речиси три недели откако ја напушти Белата куќа и го снема од јавноста, денеска во Сенатот почнува ново судење за отповикување на Доналд Трамп. Сега веќе бившиот претседател е обвинет за поттикнување побуна, поврзано со неговиот говор кој претходеше на упадот на неговите приврзаници во Конгресот на 6 јануари, кога починаа пет лица.

    И додека Демократите велат дека се преполни со докази за вината на Трамп, неговите адвокати тврдат дека толпата дејствувала независно. Тие исто така сметаат дека судењето е неуставно, зашто Трамп веќе ја напуштил функцијата и сега е обичен граѓанин.

    Трамп е првиот претседател во историјата на САД кој двапати бил отповикан во Претставничкиот дом и ако Сенатот го прогласи за виновен, што досега никогаш не се случило, ќе му биде забрането повторно да се кандидира. За тоа се потребни две третини од сенаторите и нема назнаки дека доволен број републиканци ќе им се придружат на 50-те демократи во отповикувањето на Трамп. Гласањето по обвинението се очекува најрано в понеделник.

    Адвокатите на Трамп го опишаа судењето како политички театар и кажаа дека тој само го користел своето право на слобода на говорот загарантирано со Првиот амандман.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира