ПОДГОТВЕН СУМ ДА РАЗГОВАРАМ СО ПУТИН ЗА КРИМ И ДОНБАС, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    ПОДГОТВЕН СУМ ДА РАЗГОВАРАМ СО ПУТИН ЗА КРИМ И ДОНБАС, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски веќе една година бара средба со Путин (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека би било невозможно да се преговара за крај на војната во Украина без да се сретне со Владимир Путин. Тој призна дека на таква средба би се разговарало и за иднината на окупираните украински територии Крим и Донбас, но би требало повеќе време за да се реши тоа прашање.

    Зеленски исто така повтори дека Украина веќе не се надева на членство во НАТО, на што Русија најмногу се противи.

    „Сè додека не се сретнам со Владимир Путин, не можеме целосно да разбереме што се подготвени да направат за да ја запрат војната и што се подготвени да направат ако ние не сме спремни за овој или оној компромис“, изјави Зеленски.

    Украинскиот претседател веќе една година бара средба со Путин, кој досега одбиваше, но неодамна и самиот навести дека за некои прашања би морал да разговара еден на еден со него.

    Илјадници луѓе загинаа, а една четвртина од 44 милиони луѓе во Украина се раселени од почетокот на руската инвазија пред неполн месец.

    „Подготвен сум со Путин да разговарам и за окупираните територии, иако знам дека тој проблем нема да се реши со еден состанок. Но, претходно Русија мора да прогласи примирје и да ги повлече трупите“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира