ПОДВАРИЈАНТАТА БА.2 ВЕРОЈАТНО НЕ Е ПОСИЛНА ОД ОРИГИНАЛНИОТ ОМИКРОН, ВЕЛИ СЗО

    ПОДВАРИЈАНТАТА БА.2 ВЕРОЈАТНО НЕ Е ПОСИЛНА ОД ОРИГИНАЛНИОТ ОМИКРОН, ВЕЛИ СЗОСЗО вели дека вакцините даваат слична заштита и против БА.2 (Фото: СДК.МК)

    Подваријантата БА.2 се чини дека не е ништо посилна од оригиналниот омикрон, наречен БА.1, соопшти Светската здравствена организација, додавајќи дека вакцините продолжуваат да даваат слична заштита. СЗО се огласи откако БА.2 почна да ја заменува повообичаената варијанта БА.1 во земји како Данска.

    Според податоците од Данска, првата земја каде што БА.2 стана доминантниот сој, нема докази дека тој предизвикува посериозна болест од БА.1, иако има потенцијал да го замени на глобално ниво, изјави Борис Павлин од СЗО.

    „Гледајќи ги другите земји во кои што БА.2 полека станува пораширен, не се забележува пораст на бројот на хоспитализации повеќе од очекуваното“, кажа Павлин.

    БА.2 е попренослив од БА.1 и има поголема способност да ги заразува вакцинираните лица, се вели во данското истражување кое анализираше случаи на зараза од над 8.500 дански домаќинства од декември и јануари. Оваа подваријанта веќе е доминантна и во Филипини, Непал, Катар и Индија, а регистрирана е и во САД, Австралија и Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира