ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРААТ ВО ВАРШАВА ПРОТИВ ДЕСНИЧАРСКАТА ВЛАДА

    ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРААТ ВО ВАРШАВА ПРОТИВ ДЕСНИЧАРСКАТА ВЛАДАПротестот е еден вид тест за опозицијата пред изборите наесен (Фото: АП)

    Стотици илјади луѓе се собраа денеска во Варшава на 34-годишнината од одржувањето на првите поствоени демократски избори во Полска, на маршот организиран од либералната опозиција, која ја тестира својата способност да стави крај на осумгодишното владеење на националистите на изборите подоцна оваа година. Организаторите и локалната власт проценија дека во колоната долга над еден и пол километар има половина милион луѓе, што не беше потврдено од полицијата.

    Илјадници луѓе истовремено маршираат во други полски градови.

    Предизборните анкети велат дека изборите што ќе се одржат наесен ќе бидат тесни, но војната во Украина ѝ даде голем поттик на владата на Закон и правда (ПИС), која стана водечки глас против Русија во Европа. ПИС се обвинува дека го нарушила владеењето на правото во земјата, дека ги узурпирала државните медиуми и дека поттикнува хомофобија.

    Доналд Туск, шефот на групата Граѓанска платформа, изјави дека гласот на Полјаците не може да се замолчи.

    Демократијата умира во тишина, но вие денеска го кренавте гласот за демократијата. Тишината заврши, ќе викаме. Пола милион луѓе се на улиците на Варшава, тоа е рекорд“, кажа Туск.

    Еден од поводите за протестот е предложениот закон за елиминирање на прекумерното руско влијание во земјата, што опозицијата го сфаќа како обид на властите да почнат прогон на политичките противници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира