ПОЛИЦИЈАТА БАРА ПОВРЗАНОСТ СО ТЕРОРИЗАМ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ШТО ПОВРЕДИ 29 ЛУЃЕ ВО ЊУЈОРК

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(Ројтерс)

    ПОЛИЦИЈАТА БАРА ПОВРЗАНОСТ СО ТЕРОРИЗАМ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ШТО ПОВРЕДИ 29 ЛУЃЕ ВО ЊУЈОРК

    Истражителите денеска пребаруваа низ остатоците од експлозијата, прегледуваа видео снимки и го проверуваа местото на експлозијата којашто ноќеска повреди 29 луѓе во Менхетн во обид да утврдат дали има некакви врски со меѓународен тероризам. Експлозијата во областа Челси во Њујорк во саботата вечер во 20.30 часот по локално време одекна силно и се почувствува во неколку блока, повредувајќи луѓе со шрапнели и парчиња стакло. Сите 29 настрадани беа пуштени од болница на домашно лекување, соопштија властите.

    Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио апелираше ако има сведоци да дадат информации и вети дека обезбедувањето ќе биде поголемо од кога било за Генералното собрание на Обединетите Нации на кое ќе се соберат светските лидери на шест дена, почнувајќи од вторник.

    Истражители на ФБИ ќе ги прегледаат остатоците од бомбата, плус неексплодираната направа пронајдена на четири блока од експлозијата, како и остатоците од бомбата што експлодираше на 130 километи оддалеченост во Њу Џерси претходно во саботата за да утврди дали се поврзани. Полицијата ги прегледува видеата од двете места во Њујорк, вклучувајќи снимки од самата експлозија, соопшти њујоршкиот полициски комесар Џејмс О’Нил.

    „Се наоѓаме среде многу комплексна истрага“, кажа О’Нил.

    Иако ниту една меѓународна група не презеде одговорност, гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо кажа дека детонацијата на бомба во Њујорк „очигледно е терористички акт“. Но, градоначалникот Де Блазио одби да ја нарече експлозијата терористички напад, велејќи дека истражителите се уште не утврдиле дали има политичка мотивација. Во областа кадешто експлодира бомбата нема очигледни политички цели.

    „Беше промислен акт. Беше насилен акт. Сигурно дека беше и криминален акт. Беше бомбашки напад. Тоа е се што знаеме“, рече Де Блазио, опкружен од високи функционери на ФБИ и локалната полиција.

    „Можеби е нешто лично мотивирано. Се уште не знаеме“, додаде Де Блазио.

    Експлозијата се случи во ист ден со нападот со нож во трговски центар во Минесота, каде напаѓач прободе девет луѓе пред да биде убиен од полицаец, кој не бил на должност. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот и го нарече напаѓачот „војник на Исламската држава“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира