ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ ГИ РАСТЕРА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ, ПРОТЕСТОТ ПОРАДИ ВРАЌАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПРОДОЛЖИ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД

    ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ ГИ РАСТЕРА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ, ПРОТЕСТОТ ПОРАДИ ВРАЌАЊЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПРОДОЛЖИ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАДДенеска српскиот претседател Александар Вучиќ најави враќање на строги мерки со полициски час поради рапидното зголемување на бројот за заразени со коронавирус. - Од протестот пред српскиот парламент (Фото: Н1)

    Белградската полиција со солзавец и шок бомби ги растера демонстрантите од пред зградата на српскиот парламент. Вечерашниот протест во Белград почна набрзо по прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ, кој најави враќање на строгите мерки за спречување на ширење на коронавирусот, вклучувајќи и полициски час од петок.

    Дел од демонстрантите успеаја и да влезат во парламентот, но брзо беа истуркани од холот, по што млади демонстранти повторно се судрија со кордонот полиција на скалите.

    Полицијата фрли солзавец, притисокот запре. Демонстрантите велат дека се лути на Вучиќ што ги излажа дека државата е лидер во мал број на заболени и умрени од коронавирусот, укинувајќи ги сите мерки пред изборите на кои неговата Српска напредна партија однесе апсолутна победа. Веднаш по денот на изборите почнаа да излегуваат бројки за троструко поголем број на заболени и починати, а денеска Вучиќ најави и строги мерки со полициски час поради рапидното зголемување на бројот за заразени со коронавирус.

    Вучиќ се подготвува за преговорите за Косово во Брисел, воопшто не споменува формирање нова влада.

    Но, кога меѓу демонстрантите се појави Вук Јеремиќ, еден од опозициските лидери, од неколку момчиња беше експресно истуркан назад. Тој сакаше да тргне кон скалите пред влезната врата на Собранието.

    Извиците полека се сменија во „Не го даваме Косово”.

    „Не снимајте, сите ќе нè уапсат уште вечерва”, се коментарите од граѓаните кои се дојдени спонтано поради незадоволство.

    Откако демонстрантите беа растерани од пред парламентот, по околните улици околу полноќ повторно има судири на демонстрантите и полицијата, летаат камења.

    Дел од демонстрантите се префрлија пред објектот на РТС, каде што исто така полицијата употреби солзавец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира