ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ГИ ИСПРАЗНИ УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА НАЈАВИ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

    ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ГИ ИСПРАЗНИ УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА НАЈАВИ НОВИ РЕСТРИКЦИИОпштата забрана за движење од 21 до шест часот важи и за Париз (Фото: АП)

    Улиците на Париз и на уште осум француски градови ноќеска беа пусти откако на сила стапи нов полициски час, кој треба да помогне да се сопре ширењето на коронавирусот во земјата која е една од европските жешки точки.

    Општата забрана за движење од 21 до шест часот опфаќа 20 милиони жители и ќе трае еден месец. Претседателот Емануел Макрон изјави дека оваа мерка е неопходна за да се избегне ризикот од пренатрупаност на болниците.

    „Затворањето во 21 часот нема да има никаков ефект врз епидемијата, а многу луѓе ќе останат без работа. Ова е катастрофа“, изјави сопственикот на еден италијански ресторан во Париз.

    Франција вчера регистрираше 32.427 нови случаи на зараза, што е нов дневен рекорд и дури 7.000 повеќе во однос на петокот.

    И италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе објави нови рестрикции денеска. Локалните медиуми пишуваат дека мета ќе бидат несуштински активности, како теретани, базени и аматерски спортски настани.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира