ПОЛСКА ГИ ИСПОРАЧА ПРВИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ ВО УКРАИНА, САД СО НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ПОЛСКА ГИ ИСПОРАЧА ПРВИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ ВО УКРАИНА, САД СО НОВА ВОЕНА ПОМОШ ОД ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИУкраина денеска ја одбележува првата годишнина од почетокот на руската инвазија (Фото: АП)

    Полскиот претседател Мариуш Дуда изјави дека неговата земја ги испорачала првите тенкови „леопард 2“ во Украина, што се совпаѓа со првата годишнина од почетокот на руската инвазија. Зборувајќи на состанокот на националниот совет за безбедност, Дуда кажа дека е среќен што Полска е првата земја која ѝ дава напредни тенкови на Украина.

    Премиерот Моравјецки не можеше да биде тука зашто замина за Киев за да ја испорача првата од неколкуте пратки тенкови“, кажа министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

    Полска најмногу ја притискаше Германија да одобри испраќање тенкови „леопард“ во Украина. Таа вети дека ќе ѝ даде 14 вакви тенкови, но не е познато колку биле испратени во првата тура.

    Покрај Германија и Полска, и неколку други европски држави ветија дека ќе ја помогнат украинската војска со модерни тенкови, кои ѝ се неопходни не само за запирање на руското напредување, туку и за противофанзива. Министерот за одбрана Олексиј Резников денеска кажа дека таа е во подготовка.

    Во исто време, САД најавија дополнителна воена помош за Украина од две милијарди долари, како и нови санкции за Русија, што вклучува контрола на извозот и тарифи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира