Полска е првата членка на НАТО која ќе ѝ даде борбени авиони во Украина за да ѝ помогне во војната со Русија. Полскиот претседател Анджеј Дуда објави дека четири авиони од типот „миг 29“ ќе бидат испратени во следните денови, а други би можеле да следат во иднина.
И други членки на НАТО размислуваат да испратат авиони од советската ера, за кои украинските пилоти се тренирани да летаат. Украина претходно побара од западните земји да ѝ дадат модерни борбени авиони, како „Ф-16“.
Велика Британија во моментов спроведува тренинг на украински пилоти за авиони од НАТО стандардите, но Џо Бајден претходно ја отфрли можноста дека САД ќе ѝ дадат борбени авиони на Украина.
На стартот на руската инвазија пред повеќе од една година Украина имала околу 120 борбено способни авиони, главно „миг 27“ и „миг 29“. Дуда кажа дека Полска и натаму располага со десетици оперативни авиони од овој тип.