ПОЛСКА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТЕРОРИЗАМ ПО МАСАКРОТ ВО КРАКОВ, НАПАЃАЧОТ НЕМАЛ ПОЛИЦИСКО ДОСИЕ

    ПОЛСКА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТЕРОРИЗАМ ПО МАСАКРОТ ВО КРАКОВ, НАПАЃАЧОТ НЕМАЛ ПОЛИЦИСКО ДОСИЕВо Полска е прогласена дводневна национална жалост (Фото: АП)

    Полските обвинители започнаа истрага за тероризам по смртоносниот напад на централниот плоштад во Краков, во кој се убиени шест луѓе. Министерот за правда Валдемар Зурек изјави дека истрагата ја презема специјализирана единица за прекршоци поврзани со тероризам.

    „Според применетата правна класификација, сторителот дејствувал заради сериозно заплашување на голем број луѓе, што го прави ова терористички прекршок“, рече Зурек.

    Тој потврди дека телата пронајдени во домот на 24-годишниот напаѓач се неговите родители и помлада сестра.

    Во нападот се убиени четворица полски државјани на возраст од 47 до 61 година и 32-годишен Британец. Идентитетот на уште една убиена жена засега не е потврден.

    Владини претставници изјавија дека напаѓачот, кој бил ранет од полицијата додека бил апсен неколку моменти по пукањето, имал многу радикални ставови и бил фасциниран од крајнодесничарската идеологија, но нагласија дека точниот мотив допрва треба да се утврди. Иако носел воена облека и воено оружје, тој немал никаква врска со полските вооружени сили. Повеќе оружје и муниција биле пронајдени во неговиот автомобил.

    Според портпаролката на полицијата Катаржина Цисло, напаѓачот поседувал дозвола за огнено оружје и немал претходно криминално досие.

    Во нападот се ранети 16 луѓе, вклучувајќи двајца полицајци, чија состојба е оценета како стабилна и подобрена во споредба со вчера. Во критична состојба останува само убиецот, изјави регионалниот гувернер Кжиштоф Јан Клечар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира