ПОЛСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ПОНИЖИ МАТЕО САЛВИНИ ЗА НЕГОВАТА ПОДДРШКА ЗА ПУТИН ВО МИНАТОТО

    ПОЛСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ПОНИЖИ МАТЕО САЛВИНИ ЗА НЕГОВАТА ПОДДРШКА ЗА ПУТИН ВО МИНАТОТОГрадоначалникот на Пшемисл сакаше да му подари маица со ликот на Путин на Салвини (Фото: АП)

    Градоначалникот на полскиот град Пшемисл близу украинската граница јавно го понижи италијанскиот крајнодесничарски лидер Матео Салвини при неговата посета на украинските бегалци, зашто во минатото често му даваше поддршка на Владимир Путин. Салвини, кој е лидер на партијата Лига, носеше маички со ликот на Путин и објавуваше проруски ставови на социјалните мрежи.

    Војчех Бакун вчера одржа прес-конференција пред железничката станица во Пшемисл на која им се заблагодари на италијанските организации за нивната помош на украинските бегалци, при што посебно го истакна Салвини, кој стоеше на страна.

    „Имам подарок за тебе. Би сакал да дојдеш на границата со нас и да видиш што направил Путин, кого во минатото го нарекуваше твој пријател. Би сакал да видиш што им направил на тие 50.000 луѓе кои дневно ја поминуваат границата“, кажа Бакун.

    Тој притоа извади маица со црно-бела слика на Путин и натпис „Армијата на Путин“, каква што Салвини носел на Црвениот плоштад во Москва во 2014.

    „Немам почит кон тебе, благодарам“, заврши Бакун.

    Салвини збунето кажа дека дошол да им помогне на бегалците, пред да си замине.

    Иако во минатото се залагаше за строги антиимиграциски закони, од почетокот на руската инвазија Салвини ги повикува Италијанците да ги отворат своите домови за украинските бегалци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира