ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ВРАТИ ОД ПАТОТ ЗА СЕНЕГАЛ ПО СУСПЕНЗИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД, ДЕСНИЦАТА ОБВИНИ ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВРЗ СУДСТВОТО

    ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ВРАТИ ОД ПАТОТ ЗА СЕНЕГАЛ ПО СУСПЕНЗИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД, ДЕСНИЦАТА ОБВИНИ ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВРЗ СУДСТВОТОПолицијата за сузбивање немири беше распоредена за да спречи влегување на демонстрантите во зградата на судот (Фото: Анадолу)

    Полскиот претседател Карол Навроцки се врати во Полска додека беше на пат кон Сенегал, откако беше суспендиран претседателот на највисокиот суд во земјата, што претставува ескалација на битката со владата на Доналд Туск околу контролата врз судството.

    Уставниот суд претходно соопшти дека неговата судијка со најдолг стаж Ана Корвин-Пјотровска го суспендирала претседателот Богдан Свјечковски и дека сега таа е задолжена за судот.

    Стотици демонстранти се собраа пред судот доцна синоќа, а десничарски политичари се обратија и ја обвинија владата на Туск дека извршила државен удар против судот. Полицијата за сузбивање немири беше распоредена за да спречи влегување на демонстрантите во зградата на судот, каде што подоцна се појави и Навроцки.

    „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Го прекинувам летот за Сенегал. Се враќам“, напиша Навроцки на Икс и ја обвини владата за кршење на уставниот поредок.

    Долготрајниот политички спор околу Уставниот суд ефикасно ја парализираше институцијата, при што проевропската влада и националистичкиот претседател одбиваат да ги признаат судиите назначени од другата страна. Туск кажа дека неговата влада се стреми да го врати владеењето на правото, кое, според Европската Унија, било поткопано од неговите претходници, десничарската Партија за право и правда.

    „Овој процес е тежок, понекогаш и болен и бара решителна акција. Нема друг начин. Судот ќе почне да работи во согласност со уставот, без разлика дали тоа на луѓето им се допаѓа или не“, кажа Туск.

    Полициската интервенција уследи откако министерот за правда Валдемар Журек побара одземање на имунитетот на претседателот на судот Богдан Швјечковски и потпретседателот Бартоломеј Сохански за да можат да се покренат кривични обвиненија против нив. Во објава на социјалните мрежи, Уставниот суд напиша дека двајцата судии што владата сака да ги гони се сè уште законски назначени виши судии на судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира