ПОМПЕО Ѝ ДАДЕ РОК ОД 60 ДЕНА НА РУСИЈА ДА ГИ ИСПОЛНИ УСЛОВИТЕ ОД ПАКТОТ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ СО СРЕДЕН ДОСТРЕЛ

    ПОМПЕО Ѝ ДАДЕ РОК ОД 60 ДЕНА НА РУСИЈА ДА ГИ ИСПОЛНИ УСЛОВИТЕ ОД ПАКТОТ ЗА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ СО СРЕДЕН ДОСТРЕЛДржавниот секретар Мајк Помпео на прес-конференција во Брисел по состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО (Фото: СДК.МК)

    Американскиот државен секретар Мајк Помпео ѝ даде рок од 60 дена на Русија да се врати во согласност со Пактот за нуклеарно оружје со среден дострел, во спротивно САД веќе нема да ги почитува своите обврски од договореното.

    „САД утврдија дека Русија материјално го повредува пактот и ќе ги суспендираме нашите обврски како одговор по 60 дена, освен ако Русија не се врати на целосно почитување на пактот“, изјави Помпео на прес-конференција по средбата со неговите колеги од НАТО во Брисел.

    Како што кажа Помпео, сега зависи од Русија дали ќе опстои пактот потпишан од поранешниот американски претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов во 1987 година.

    Помпео вели дека Русија со прекршувањето на условите од пактот ја нарушува националната безбедност на САД и поради тоа тие не можат да се воздржуваат поради пакт, кој им ја нарушува способност да одговорат.

    Со пактот се забрануваат ракети со дострел меѓу 500 и 5.500 километри, кои се лансираат од земја.

    Останатите земји членки на НАТО се согласија дека Русија го прекршила пактот со тоа што го развила и распоредила ракетниот систем 9М729, кој е во спротивност со Пактот за нуклеарно оружје со среден дострел.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари