ПОРАДИ ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАНОТ ЕТНА ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ВО КАТАНИЈА НА СИЦИЛИЈА

    ПОРАДИ ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАНОТ ЕТНА ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ВО КАТАНИЈА НА СИЦИЛИЈАНајактивниот вулкан во Европа, Етна, од 7 август исфрла големи количества пепел и вжештени карпести фрагменти.

    Аеродромот во Катанија, на италијанскиот медитерански остров Сицилија, денеска остана затворен среде шпицот на туристичката сезона поради најновата ерупција на вулканот Етна, што погоди илјадници патници. Воздушниот простор над аеродромот сега е ограничен најмалку до 18:00 часот. Претходната наредба за затворање истече во 11:00 часот. Меѓу погодените од затворањњро на аеродромот има и странски туристи.

    Најактивниот вулкан во Европа од 7 август исфрла големи количества пепел и вжештени карпести фрагменти. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови на лава излегуваат од два отвора на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри. Во меѓувреме се формираа и два нови тека на лава.

    Воздушниот сообраќај е во прекин уште од 7 август, а целосно затворање на воздушниот простор се случи дури во изминатите неколку дена. Тајмингот – среде лето, кога на островот престојуваат голем број странски посетители – предизвикува сериозни проблеми.

    Многу патници сега се обидуваат да го користат аеродромот во главниот град на островот, Палермо, или патувањето со воз како алтернатива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира