ПОРАЗ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ ВЕЛАТ ДЕКА ВОДИ ЛЕВИЧАРСКАТА КОАЛИЦИЈА

    ПОРАЗ НА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ ВЕЛАТ ДЕКА ВОДИ ЛЕВИЧАРСКАТА КОАЛИЦИЈАНационалниот собир на Марин Ле Пен и Жордан Бардела е на третото место во излезните анкети

    Левичарската коалиција Нов народен фронт (НПФ) ќе има најмногу пратеници во новиот состав на францускиот парламент, кажуваат првичните резултати на излезните анкети на Ипсос и Ипоф по денешниот втор круг на парламентарните избори, на кои што се предвидуваше голема победа на крајната десница.

    Според нив, НПФ ќе има меѓу 175 и 205 пратеници, додека на второто место е алијансата Заедно на Емануел Макрон, на која ѝ се предвидуваат меѓу 150 и 175 мандати.

    Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен и Жордан Бардела е на третото место во излезните анкети, иако крајната десница очекуваше историска победа и за првпат да биде во можност да формира влада и да има контрола во Националното собрание. Место мнозинството од 289 пратеници, анкетите велат дека РН ќе има меѓу 115 и 150 пратеници.

    Излезноста во вториот круг беше околу 60% во 17 часот, значително повеќе во однос на изборите пред две години, кога беше 38%. Ова исто така е најголемата излезност на парламентарните избори во Франција во последните 40-ина години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира