ПОЖАРИ ПУСТОШАТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈА НА 30.000 ЛУЃЕ

    ПОЖАРИ ПУСТОШАТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈА НА 30.000 ЛУЃЕВластите кажаа дека се загрозени над 10.000 домови (Фото: АП)

    Брзо растечки пожар пустоши низ луксузниот дел на Лос Анџелес, уништувајќи бројни згради и создавајќи сообраќаен метеж откако повеќе од 30.000 луѓе добија наредба да се евакуираат, додека вториот пожар стана двојно поголем околу 50 километри во внатрешноста.

    Најмалку 1.180 хектари изгореа во областа Пасифик Палисадс меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу откако официјални лица предупредија на екстремна опасност од пожари поради силните ветрови и продолженото суво време. Пожарот во Пасифик Палисадс, каде што живеат и холивудски ѕвезди, се зголемил од четири на 1.180 хектари во рок од само неколку часа. Во меѓувреме е регистрирано избувнувањето на трет пожар.

    Шефицата на пожарникарите на Лос Анџелес, Кристин Кроули, претходно кажа дека се загрозени над 25.000 луѓе и 10.000 домови. Претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба за да можат да се одобрат федерални средства за помош.

    Пожарот зафати и дрвја близу музејот „Вила Гети“, кој е дом на непроценливи уметнички дела, но оттаму кажаа дека колекцијата е безбедна.

    Пред да почнат пожарите, Националната метеоролошка служба предупреди дека постои висок ризик од пожари за најголемиот дел од округот Лос Анџелес, предвидувајќи ветрови со брзина од 80 до 130 километри на час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира