ПОЖАРИТЕ НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИЈА И НАТАМУ СЕ ВОН КОНТРОЛА, СЕ ЕВАКУИРААТ СЕЛА, ВЛАСТИТЕ БАРААТ ПОМОШ

    ПОЖАРИТЕ НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ ЕВИЈА И НАТАМУ СЕ ВОН КОНТРОЛА, СЕ ЕВАКУИРААТ СЕЛА, ВЛАСТИТЕ БАРААТ ПОМОШДел од жителите одбиваат да ги напуштат домовите на Евија и се приклучија на гаснењето (Фото: Гети)

    Големите пожари продолжуваат да пустошат низ вториот најголем остров во Грција, Евија, поради што досега се евакуирани повеќе од 2.000 луѓе. Локалните власти велат дека не им се праќа доволно помош за борба против огнот, додавајќи дека делови од островот се целосно уништени.

    Грција се наоѓа среде најголемиот жежок бран од 1980-ите, при што температурите се искачуваат до 45 Целзиусови степени.

    Два големи пожара на Евија досега уништија илјадници хектари земјиште, како и голем број куќи и бизниси. Повеќе од 550 пожарникари водат тешка битка да го држат огнот подалеку од неколку села. Во услови кога нема најава дека пожарите ќе стивнат, локалните власти и жители бараат дополнителна помош.

    „Веќе е доцна, областа е веќе уништена“, изјави градоначалникот на Истиаја, Јанис Коцијас.

    Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас тврди дека противпожарните авиони се соочуваат со бројни потешкотии, како намалена видливост, откако густиот чад од пожарите го направи небото портокалово и го блокираше сонцето.

    Синоќа беше наредена евакуација на уште четири села во северна Евија, но многумина жители одбиваат да си одат, надевајќи се дека ќе си ги спасат имотите.

    Пожарите на Пелопонез и во северните предградија на Атина се смирени и ставени под контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира