ПОЖАРИТЕ ШТО ПУСТОШАТ НИЗ СЕВЕРНИТЕ ПРЕДГРАДИЈА ЈА ПРЕКРИЈА АТИНА СО ГУСТ ЧАД, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ

    ПОЖАРИТЕ ШТО ПУСТОШАТ НИЗ СЕВЕРНИТЕ ПРЕДГРАДИЈА ЈА ПРЕКРИЈА АТИНА СО ГУСТ ЧАД, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИВластите им порачаа на жителите на Атина да го ограничат движењето поради штетните честички во воздухот (Фото: АФП)

    Грчките власти им порачаа на жителите на Атина да не излегуваат надвор откако пожарите кои неконтролирано беснеат северно од градот го прекрија небото со густ чад. Повеќе од 500 пожарникари ја поминаа ноќта борејќи се со огнот на планината Парнита на периферијата на градот, помогнати од девет хеликоптери и пет авиони, а мобилизирани се и полицијата и војската.

    „Огнот и натаму беснее. Неговиот периметар е многу широк, а топлината е многу силна. Ова е тежок ден за нашата земја, имавме 81 пожар во изминатите 24 часа поради екстремните временски прилики“, изјави заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас.

    Властите им порачаа на граѓаните да не отвораат прозорци и да го ограничат движењето надвор поради штетните честички во воздухот.

    „Уништувањето е непресметливо“, изјави Спирос Вретос, градоначалникот на Ахарне, предградие на Атина.

    Пожарот што избувна вчера во градот Варимпомпи, 20 километри северно од Атина, се шири кон околните градови, принудувајќи илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.

    „Фала Богу, досега нема изгубени човечки животи“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

    Грција се наоѓа среде она што беше опишано како најголем жежок бран во последните три децении, а екстремните температури придонесоа за стотици пожари низ земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира