ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ОДБИЈА И ВТОРИОТ ПРЕДЛОГ НА МЕЈ ЗА БРЕГЗИТ, СЛЕДУВА ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ БЕЗ ДОГОВОР

    ПРАТЕНИЦИТЕ ГО ОДБИЈА И ВТОРИОТ ПРЕДЛОГ НА МЕЈ ЗА БРЕГЗИТ, СЛЕДУВА ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ БЕЗ ДОГОВОРПратениците го одбија предлогот на премиерката Тереза Меј со 149 гласа разлика, помалку отколку првиот одбиен предлог во јануари. (Фото:АП)

    Предлог договорот на Тереза Меј за излегување од ЕУ беше повторно од пратениците во британскиот парламент со огромна разлика, на само 17 дена до Брегзит.

    Пратениците го одбија предлогот на премиерката со 149 гласа разлика, помалку отколку првиот одбиен предлог во јануари.

    Меј кажа дека пратениците сега ќе гласаат дали Велика Британија треба да излезе од ЕУ без договор, и ако тоа пропадне, ќе се гласа дали Брегзит треба да се одложи.

    Според членот 50, легалниот механизам со кој Британија ќе ја напушти ЕУ, Брегзит треба да се случи на 29 март.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари