ПРЕД КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС УАПСЕН ЛИДЕРОТ НА АНТИМОНАРХИСКАТА ГРУПА КОЈА СЕ ЗАКАНИ СО ПРОТЕСТИ ВО ЛОНДОН

    ПРЕД КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС УАПСЕН ЛИДЕРОТ НА АНТИМОНАРХИСКАТА ГРУПА КОЈА СЕ ЗАКАНИ СО ПРОТЕСТИ ВО ЛОНДОНПолицијата го уапсила водач на груата Република Греам Смит денеска наутро. (Фото: Ројтерс)

    Полицијата денеска го уапси водачот на антимонархиската група Република неколку часа пред крунисувањето на кралот Чарлс и голем број други демонстранти кои се собраа меѓу толпата собрана на патеката на поворката во центарот на Лондон. Република претходно соопшти дека ќе го организира најголемиот протест против британскиот монарх во модерната историја. Но, началникот на лондонската полиција Марк Роули вчера предупреди дека полицијата ќе преземе мерки ако демонстрантите се обидат да „го попречат уживањето и славењето“ на луѓето.

    Демонстрантите, облечени во жолти маици за да се истакнат, бараат избран шеф на државата и велат дека за кралското семејство нема место во модерната уставна демократија и оти е неверојатно скапо за одржување. Портпаролот на групата изјави дека полицијата го уапсила нејзиниот водач Греам Смит денеска наутро. Фотографијата објавена на Твитер го покажува Смит како седи на земја опкружен со полицајци.

    Полицијата не го потврди апсењето на Смит, но рече дека уапсила четири лица под сомнение оти предизвикале јавна вознемиреност и три лица под сомнение дека поседувале предмети за да предизвикаат криминална штета во, како што ја нарекоа, „значајна полициска операција“. Полицаец на местото на настанот во близина на плоштадот Трафалгар изјави дека тројца републикански демонстранти биле уапсени поради носење боја.
    Република соопшти дека пет нејзини приврзаници се уапсени, а запленети се стотици нејзини плакати се.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира