ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, КАДЕ СПАС ЧЕКААТ ОКОЛУ 10.000 АВГАНИСТАНЦИ

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ, КАДЕ СПАС ЧЕКААТ ОКОЛУ 10.000 АВГАНИСТАНЦИДосега над 80.000 луѓе се евакуирани со авионски летови, а над 10.000 уште чекаат на аеродромот во Кабул. (Фото: АП)

    Западните земји предупредуваат дека има голема опасност од терористички напад врз аеродромот во Кабул, каде се собрани илјадници Авганистанци. Нема детали за заканата за нападот, за кој се смета дека би бил од милитантите на авганистанската група на Исламска држава, чиј број е засилен откако талибанците ги ослободија затворите низ целата земја.

    Британскиот министер за одбрана Џејмс Хипи изјави за Би-Би-Си дека има „многу, многу веродостојни извештаи за можен напад врз аеродромот во Кабул, можеби во следниве часови“.

    Предупредувањето дојде додека евакуацијата на оние кои сакаат да избегаат од Авганистан влегува во последна фаза. Досега над 80.000 луѓе се евакуирани со авионски летови, а над 10.000 уште чекаат на аеродромот во Кабул.

    Околу 1.500 Американци ќе треба да се евакуираат од аеродромот, што го контролира војската на САД. Американските власти имаат за цел да ја завршат евакуацијата и повлекувањето на војската до 31 август, рок договорен со талибанците. Се стравува дека ќе бидат оставени илјадници Авганистанци кои сакаат да избегаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира