ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН ЈА ОТКАЖА СВАДБАТА ОТКАКО ВОВЕДЕ НОВИ КОРОНАМЕРКИ ВО НОВ ЗЕЛАНД

    ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН ЈА ОТКАЖА СВАДБАТА ОТКАКО ВОВЕДЕ НОВИ КОРОНАМЕРКИ ВО НОВ ЗЕЛАНДАрдерн требаше да се мажи во наредните недели (Фото: Гети)

    Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе.

    Ардерн истовремено потврди дека ја откажува венчавката со својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд, што требаше да се одржи во наредните недели.

    „Јас не сум ништо поразлична од илјадници Новозеланѓани кои почувствуваа и поуништувачки последици на пандемијата, особено оние кои не можат да бидат со своите најблиски кога се тешко болни. Тоа надминува која било тага што јас ја имам искусено“, изјави Ардерн.

    Новите мерки стапуваат на сила на полноќ по локално време и следуваат откако беше потврден кластер со девет случаи на омикрон. Властите велат дека очекуваат високо ниво на локално пренесување на вирусот и 1.000 нови случаи на зараза на ден, што досега не е регистрирано во земјата.

    Нов Зеланд функционираше под строги рестрикции од почетокот на пандемијата, со што успеа бројот на починати да го задржи на минимум. Околу 94% од населението над 12 години е целосно вакцинирано, а 56% од нив имаат примено и трета доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира