ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН ОСВОИ ВТОР МАНДАТ ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО НОВ ЗЕЛАНД

    ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН ОСВОИ ВТОР МАНДАТ ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО НОВ ЗЕЛАНДПопуларноста на Ардерн значително порасна благодарение на успешните мерки за борба против коронавирусот (Фото: АП)

    Актуелната премиерка Џесинда Ардерн убедливо победи на парламентарните избори во Нов Зеланд. Нејзината либерална Лабуристичка партија освои 49% од гласовите и се очекува да има целосно парламентарно мнозинство, што не се случило откако беше воведен сегашниот изборен модел во 1996 година.

    Опозициската Национална партија го призна поразот откако освои 27% гласови.

    Изборите требаше да се одржат во септември, но беа одложени поради повторното ширење на коронавирусот во земјата.

    „Нов Зеланд ѝ ја даде најголемата поддршка на Лабуристичката партија во изминатите 50 години. Тоа нема да го земеме здраво за готово“, изјави Ардерн, чија популарност уште повеќе порасна благодарение на успешните мерки за борба против коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира