Британскиот премиер Дејвид Камерон си даде оставка и ќе замине од функцијата до октомври, откако Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска изгласа да ја напушти Европската унија на историскиот референдум што се оддржа вчера, по 43 години членство во Унијата.
Камерон ја објави одлуката денеска откако беа објавени резултатите и изјави дека во следниве месеци ќе се обиде да го „исправи бродот“.