ПРЕПОЛН АВИОН СЕ УРНА ВО ЈУЖЕН СУДАН, ИМА 21 ЗАГИНАТ

    ПРЕПОЛН АВИОН СЕ УРНА ВО ЈУЖЕН СУДАН, ИМА 21 ЗАГИНАТОпашката на срушениот авион со 19 седишта на „Бејби ер“, кој патувал од главниот Џуба до Јирол

    Дваесет и едно лице загинаа при уривањето на преполн патнички вион во Јужен Судан, соопштија властите.
    Авионот со 19 седишта на „Бејби ер“ патувал од главниот град Џуба до Јирол, изјави министерот за информации Табан Абел Агуек за „АП“.

    Властите ја истражуваат причината за уривањето.

    Меѓу трите преживеани лица се шестгодишно дете, возрасен човек и доктор од хуманитарна организација од Италија, кој е во тешка состојба.

    „Насекаде имаше тела“, рече министерот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира