ПРЕСТАНАА ДА РАБОТАТ МОНИТОРИТЕ ЗА РАДИЈАЦИЈА ОКОЛУ НУКЛЕАРКАТА ВО ЧЕРНОБИЛ

    ПРЕСТАНАА ДА РАБОТАТ МОНИТОРИТЕ ЗА РАДИЈАЦИЈА ОКОЛУ НУКЛЕАРКАТА ВО ЧЕРНОБИЛЗагрозено е контролирањето на ширењето на радијацијата не само во Украина, туку и надвор од границите на земјата. (Фото: Гети)

    Украинската нуклеарна регулаторна агенција соопшти дека мониторите за радијација околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката несреќа во светот во 1986 година, престанале да работат. Во соопштението денеска, агенцијата рече и дека повеќе нема достапни пожарникари во регионот за да ги заштитат шумите загадени од децениска радиоактивност додека времето се стоплува.

    Украинските медиуми соопштија дека избувнале шумски пожари во шумата близу нуклеарнката во Чернобил, која сега е под контрола на руската армија. Шумските пожари се вообичаени во областа, но некои стравуваат дека радијацијата може да се прошири во чадот ако пожарите горат неконтролирано.

    Централата беше заземена од руските сили на 24 февруари.

    Според соопштението, комбинацијата на ризици може да значи „значително влошување“ на способноста да се контролира ширењето на радијацијата не само во Украина, туку и надвор од границите на земјата во следните недели и месеци.

    Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека 50 вработени кои работеле без престан од преземањето на Русија се ротирани и сменети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира