ПРЕСТАНЕТЕ СО „КОРОНА ЗАБАВИТЕ“ ИЛИ ЌЕ ВОВЕДЕМЕ КАРАНТИН, СЕ ЗАКАНИ ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА

    ПРЕСТАНЕТЕ СО „КОРОНА ЗАБАВИТЕ“ ИЛИ ЌЕ ВОВЕДЕМЕ КАРАНТИН, СЕ ЗАКАНИ ГЕРМАНСКАТА ВЛАДАМеркел најави дека однесувањето на луѓето будно ќе се следи овој викенд (Фото: Ројтерс)

    Германија ќе им нареди на своите 83 милиони жители да седат дома ако овој викенд не се однесуваат одговорно.

    Шефицата на кабинетот на Ангела Меркел, Хелге Браун, изјави дека целосен карантин, налик на оној во Италија и Шпанија, наскоро би можел да стане неопходен и во Германија.

    „Ќе видиме како ќе се однесуваат луѓето овој викенд. Сабота е решавачки ден и будно ќе набљудуваме“, изјави Браун.

    Како и многу други европски земји, и Германија ги затвори училиштата, градинките, ноќните клубови и голем број продавници, а на луѓето им се препорачува да избегнуваат големи собири, но тие продолжија да се дружат надвор, организирајќи таканаречени „корона забави“.

    „Ако сите суштински не го променат своето однесување, нема да можат да се избегнат построги мерки и санкции“, изјави премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман.

    Баварија од полноќ ќе биде во своевиден карантин.

    „Ние не ги затвораме Баварците, туку целосно го прекинуваме јавниот живот“, кажа премиерот Маркус Зедер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира