ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАНИ ИЗБЕГА ОД АВГАНИСТАН, ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ПРЕЗЕМААТ КАБУЛ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАНИ ИЗБЕГА ОД АВГАНИСТАН, ТАЛИБАНЦИТЕ ГО ПРЕЗЕМААТ КАБУЛВо Кабул владее паника, а хеликоптерите цел ден го евакуираат персоналот од амбасадата на САД и на други земји. (Фото: АП)

    Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска со авион ја напушти земјата, придружувајќи им се илјадниците Авганистанци и странци кои забрзано бегаат пред напредувањето на талибанците, означувајќи крај на 20-годишниот експеримент на западните сили чија цел беше да се возобнови Авганистан. Талибанците, кои пред неколку часа влегоа во предградијата на Кабул, град со 6 милиони жители, веднаш објавија дека ќе навлезат повнатре во градот во кој владее паника и каде хеликоптерите цел ден го евакуираат персоналот од амбасадата на САД и на други земји.

    Цивилите кои се плашат дека талибанците ќе го вратат бруталиот режим кој ги елиминираше правата на жените и воведе каменување до смрт и јавни ампутации, брзаат да избегаат, а најсиромашните кои ги напуштија своите градови барајќи засолниште во Кабул, спијат по парковите и улиците.

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги отфрли споредбите со американското повлекување од Виетнам, додека многумина гледаат со неверица како хеликоптерите слетуваат во комплексот на амбасадата.

    Американскиот претседател Џо Бајден ја брани одлуката за напуштање на Авганистан велејќи дека тој не може да оправда „бесконечно американско присуство“.

    Додека претседателот Бајден овој месец ја завршува американската воена улога во Авганистан, најдолгата војна во историјата на земјата што траеше 2 децении, Американците и Авганистанците се прашуваат дали војната вредеше за цената: загубени над 3.000 американски и животи на војници од други земји на НАТО, десетици илјади загинати Авганистанци, илјадници милијарди долари американски долг што ќе го отплаќаат генерации Американци, и Авганистан што за една шокантна недела борби е под директна закана повторно да падне под власта на талибанците, баш како што беше кога дојдоа САД пред 20 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира