ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ПО ВТОРПАТ ГО ОТПОВИКА ТРАМП СО ПОДДРШКА И НА 10 РЕПУБЛИКАНЦИ

    ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ПО ВТОРПАТ ГО ОТПОВИКА ТРАМП СО ПОДДРШКА И НА 10 РЕПУБЛИКАНЦИНационалната гарда го чуваше Конгресот за време на седницата, што е прво вакво распоредување на федералните трупи од Граѓанската војна (Фото: ЕПА)

    Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД кој двапати бил отповикан.

    На една недела до истекувањето на неговиот мандат, Претставничкиот дом изгласа отповикување на Трамп под обвинение за поттикнување на насилство и побуна (232-197 во гласови), што беше поддржано и од десетмина републиканци.

    Ова се случи седум дена откако Трамп ги повика своите приврзаници да се борат со сите сили против изборните резултати, по што тие упаднаа во зградата на Конгресот, прекинувајќи ја седницата на која формално требаше да биде потврдена победата на Џо Бајден. Во неколкучасовната опсада што го шокираше светот починаа пет лица, од кои еден полицаец.

    Гласањето во Домот води кон ново судење во Сенатот, кој е во мирување до 19 јануари и лидерот на републиканците Мич Меконел најави дека нема да се согласи со претходно свикување итна седница.

    „Ние знаеме дека претседателот на САД ја поттикнал оваа побуна, ова вооружено востание против нашата земја. Тој мора да си оди. Тој е јасна и присутна закана по нацијата што сите ние ја сакаме. Трамп се вклучи во војна против демократијата и востаниците и домашните терористи кои упаднаа во Капитол беа испратени таму од него“, кажа спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

    Трамп беше отповикан и во 2019 за злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот, но беше ослободен од Сенатот, исто како и Бил Клинтон во 1998 и Ендрју Џонсон во 1868 година.

    Додека траеше дебатата, Трамп испрати изјава во која повика на крај на насилствата и вандализмот.

    „Тоа не е она за што јас се залагам. Ги повикувам сите Американци да ги смират страсите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира