ПРЕЖИВЕАНИ ИЗВАДЕНИ ОД РУШЕВИНИ И 115 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА, БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ НАДМИНА 24.000

    ПРЕЖИВЕАНИ ИЗВАДЕНИ ОД РУШЕВИНИ И 115 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА, БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ НАДМИНА 24.000милиони останаа без домови во регионот на југоисточна Турција и северозападна Сирија и спасувачите се обидуваат да им обезбедат храна и засолниште. (Фото: ДПА)

    Пет дена откако првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени ја погоди Турција, сè уште се извлекуваат живи луѓе од рушевините.

    Според видео објавено на социјалните мрежи, бремена жена и нејзината ќерка беа спасени од срамнета зграда во Газиантеп откако преживеаја 115 часа.

    Исто така, има извештаи за спасени луѓе во неколку други градови, вклучувајќи тинејџерка во Кахраманмараш, 110 часа по првиот земјотрес.

    Според последните податоци, повеќе од 24.000 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес, вклучувајќи 20.665 во Турција и 3.553 во Сирија.

    Дополнително, милиони останаа без домови во регионот на југоисточна Турција и северозападна Сирија и спасувачите се обидуваат да им обезбедат храна и засолниште.

    Обединетите нации велат дека само два конвоја со помош досега стигнале во регионите во Сирија кои се надвор од контрола на сириската влада и повикаа на примирје за да се овозможи помошта да стигне до сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира