ПРИ ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА ДЕТЕКТИРАНИ ПОДВОДНИ ЗВУЦИ, ЕКИПАЖОТ ИМА КИСЛОРОД ЗА УШТЕ 30 ЧАСА

    ПРИ ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА ДЕТЕКТИРАНИ ПОДВОДНИ ЗВУЦИ, ЕКИПАЖОТ ИМА КИСЛОРОД ЗА УШТЕ 30 ЧАСАПодморницата „Титан“ е изградена да може да остане под вода 96 часа (Фото: Оушнгејт)

    Канадски авион детектирал подводни звуци во северниот дел на Атлантскиот Океан, додека се трага по туристичката подморница која исчезна во неделата додека беше на пат кон остатоците на „Титаник“,

    Ова откритие ги натера спасувачките екипи да ја преместат нивната подводна роботска потрага, со цел да се истражи потеклото на звуците. Оваа нова потрага не донесе резултати, но ќе продолжиме“, објави американската крајбрежна стража.

    Некои американски медиуми објавија дека звуците биле детектирани со сонарни инструменти, распоредени во областа близу позицијата на несреќата и дека тие се слушале во интервали од 30 минути.

    Подморницата „Титан“, која е во сопственост на американската компанија „Оушнгејт“, е изградена да може да остане под вода 96 часа, што значи дека на петчлената посада ѝ се намалуваат залихите на кислород. Според последните проценки, залихите би можеле да траат уште 30 часа.

    Вчера беше потврден идентитетот на патниците и меѓу нив се двајца милијардери и сопственикот на компанијата, со кои контактот бил изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето во неделата претпладне.

    Остатоците на „Титаник“ лежат на длабочина од околу 3.800 метри, и тоа 1.450 километри од брегот на САД, односно 644 километри од брегот на Канада. Американските и канадските авиони досега пребарале површина од речиси 20.000 квадратни километри на отворено море, а во потрагата учествуваат и бродови и подморница на далечинско управување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира