ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС ОПЕРИРАНА ВО ЛОНДОН, КРАЛСКАТА ПАЛАТА КАЖА ДЕКА НЕ Е РАК

    ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС ОПЕРИРАНА ВО ЛОНДОН, КРАЛСКАТА ПАЛАТА КАЖА ДЕКА НЕ Е РАКСостојба на принцезата Кејт е доволно сериозна за да остане в болница до две недели, а се очекува дека закрепнувањето ќе трае два до три месеци. (Фото: ПА)

     

    Принцезата од Велс имаше операција на абдоменот во приватна болница во Лондон, соопштија од Кенсингтонската палата. Операцијата беше изведена вчера и беше успешна, а Кетрин ќе остане во болница од десет до 14 дена, соопшти палатата. Палатата соопшти дека принцезата (42) ги одложи сите планирани јавни обврски. Палатата не даде дополнителни детали за третманот на Кетрин, но рече дека не станува збор за рак. Но, нејзината состојба е доволно сериозна за да остане в болница до две недели, а се очекува дека закрепнувањето ќе трае два до три месеци.

    „Врз основа на сегашните медицински совети, таа најверојатно нема да се врати на јавните обврски до Велигден“, се вели во соопштението.

    Според должината на времето в болница и од тонот на соопштението издадено од палатата, јасно е дека нејзината здравствена состојба е сериозна.

    Принцезата беше целосо активна во декември и немало индикации дека не била добро за време на јавните настапи. Нејзиниот сопруг, Вилијам принцот од Велс, исто така ќе одложи некои од неговите ангажмани и нема да извршува никакви официјални обврски додека принцезата е во болница. Откако ќе биде отпуштена, се очекува таа да закрепнува дома во Виндзор, каде што сега живее семејството со децата, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луи (5).

    Лондонската клиника во центарот на Лондон, каде што беше оперирана Кетрин, се смета најголемата независна приватна болница во Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира