ПРОНАЈДЕНА РАДИОАКТИВНАТА КАПСУЛА КОЈА ИСЧЕЗНА ВО АВСТРАЛИЈА ПРИ ТРАНСПОРТОТ ДОЛГ 1.400 КИЛОМЕТРИ

    ПРОНАЈДЕНА РАДИОАКТИВНАТА КАПСУЛА КОЈА ИСЧЕЗНА ВО АВСТРАЛИЈА ПРИ ТРАНСПОРТОТ ДОЛГ 1.400 КИЛОМЕТРИВластите кажаа дека итните служби буквално пронајдоа игла во сено (Фото: АП)

    Австралиските власти кажаа дека ја пронашле малата радиоактивна капсула кој исчезна минатата недела.

    Итните служби буквално пронајдоа игла во сено“, кажаа властите на Западна Австралија.

    Тие покренаа голема потрага откако капсулата со големина шест со осум милиметри се изгубила при транспортот некаде меѓу градовите Њумен и Перт, што е растојание од околу 1.400 километри. Рударскиот гигант „Рио Тинто“ се извини за губењето на уредот, кој содржи мало количество на радиоактивниот цезиум-137, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми ако се дојде во контакт со него. Цезиум-137 често се користи при рударски активности.

    Областа за потрага беше многу голема, рамно на растојанието од Скопје до Минхен. Итните служби притоа користеле специјализирана опрема, како мерачи на радијација.

    Властите кажаа дека капсулата не може да се користи како оружје, но може да предизвика изгореници и други долгорочни ризици, како рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира