ПРОНАЈДЕНА СЕДМА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА, РЕЧИСИ ЦЕЛ ХАЛКИДИКИ БЕЗ СТРУЈА

    ПРОНАЈДЕНА СЕДМА ЖРТВА ОД НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА, РЕЧИСИ ЦЕЛ ХАЛКИДИКИ БЕЗ СТРУЈАНевремето на Халкидики предизвика големи штети иако траело само 20 минути (Фото: Екатимерини)

    Бројот на загинати во вчерашното невреме на Халкидики порасна на седум, откако беше пронајдено уште едно тело во областа меѓу Созополи и Неа Каликратија. Властите веруваат дека станува збор за 62-годишниот рибар, кој исчезна во морето токму во таа област.

    Претходно беше потврдено дека во невремето загинале чешка двојка, како и двајца романски и двајца руски туристи, меѓу кои и две мали деца. Тринаесет луѓе остануваат во болниците во Солун, од кои еден повреден се наоѓа на одделот за интензивна нега.

    (Фото: ЕПА)

    „Невремето буквално дојде од никаде и набргу настана хаос на плажата. Сите сакаа што побргу да избегаат“, изјави една британска туристка.

    Околу 80 проценти од полуостровот Халкидики останал без струја во невремето и снабдувањето би требало да се нормализира до вечерните часови.

    „Владата ќе обезбеди финансиска помош за три општини на Халкидики со цел да се помогне обновата“, изјави владиниот портпарол Стелиос Пецас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира