ПРОРУСКИ ШВЕДСКИ НОВИНАР ПЛАТИЛ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КОРАНОТ ВО СТОКХОЛМ

    ПРОРУСКИ ШВЕДСКИ НОВИНАР ПЛАТИЛ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КОРАНОТ ВО СТОКХОЛМДанскиот крајнодесничарски активист Расмус Палудан ја запали книгата пред турската амбасада во Стокхолм (Фото: АФП)

    Шведските медиуми сугерираат дека Москва стои зад минатонеделниот протест во Стокхолм на кој беше запален Коран, што имало за цел да се саботира членството на Шведска во НАТО.

    Шведскиот новинар Чанг Фрик, кој се поврзува со руската телевизија РТ, му платил на данскиот крајнодесничарски активист Расмус Палудан јавно да ја запали книгата пред турската амбасада во Стокхолм. Турција гневно реагираше на протестот во саботата, по кој претседателот Ердоган кажа дека нема да го поддржи приемот на Шведска во НАТО.

    Шведските медиуми ја обвинија Русија за палењето на Коранот, за што го искористила Фрик. Инцидентот се случи пред најавената посета на шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на Турција, што потоа беше откажана.

    Палудан, кој има и шведско државјанство, допатувал во Стокхолм специјално за протестот, а таксата за дозвола за протестот ја платил Фрик. Палудан потврди дека Фрик му ја предложил идејата да запали Коран.

    Фрик е познат по своите проруски ставови, но вели дека од 2014 нема никакви врски со РТ. Тој призна дека ја платил таксата за Палудан, но тврди дека не верувал дека протестот би можел да ги загрози шансите на Шведска за членство во НАТО.

    „Го направив тоа зашто ја поддржувам слободата на говорот и свесно беше насочено против Турција“, кажа Фрик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира